Стратегијата на администрацијата на Доналд Трамп за изолација на Северна Кореја преку економски санкции функционира. Доказ за тоа е севернокорејската покана за преговори, изјави денеска американскиот потпретседател Мајк Пенс.
Неговата изјава уследи откако беше најавена историска средба на Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
– Предлогот за средба беше испратен откако САД не направија никакви отстапки и постојано го засилуваа притисокот врз Ким. Максималниот притисок ќе продолжи се додека Северна Кореја не преземе конкретни, постојани и проверени чекори за прекин на нуклеарната програма, посочи Пенс.
Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс претходно изјави дека Трамп ја прифатил поканата за средба со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг–ун, а местото и датумот ќе бидат дополнително договорени.




