Published: Tuesday, June 30, 2015 11:43
Со цел пензионерите кои немаат платежни картички за да подигнат пензии од банкоматите, Грција ќе отвори експозитури на банки кои ќе работат до крајот на неделата каде ќе се исплаќаат средствата на пензионерите, соопшти грчкото Министерство за финансии.
Одлуката со која банките нема да извршуваат други дејствија до 6.јули, која беше донесена вчера, и понатаму е во сила, што значи Грците ќе можат дневно да подигаат до 60 евра од банкоматите.
На пензионерите оваа недела ќе им биде овозможено да подигнат до 120 евра од своите сметки.
Банките се затворени откако премиерот Алексис Ципрас реши да распише референдум на 5.јули за тоа дали граѓаните се за или против прифаќање на новиот предлог на меѓународните кредитори.




