Од денска е во пензија Љупчо Тодоровски, директорот на Бирото за јавна безбедност, согласно законските одредби, потврди МВР.
Практично, целокупната професионална кариера на господинот Тодоровски е поврзана со Министерството за внатрешни работи, каде што, по дипломирањето на Факултетот за безбедност во 1982 година, се вработува најпрово во управата за НТ со дрога. Од 2006 година е директор на Бирото за јавна безбедност на МВР.
На негово место најверојатно доаѓа досегашниот прв човек на Централните полициски сили, Митко Чавков. Изборот за наследник на актуелниот директор на Бирото за јавна безбедност е на Владата, но решението сеуште не е официјализирано.
Кој пак ќе ја замени испразнетата фотеља на Чавков засега не се знае.
Досегашниот директорот на БЈБ, Тодоровски, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи како професор на Факултетот за безбедност.