Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ПЕП21: Како се прави селекција на менаџерите кои ќе се усовршуваат во странство?

0
By Нова ТВ on December 4, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 4, 2013 15:52

Според Партијата за економски промени 21, проектот ,,Топ менаџери 150’’ не е целосен и не е респектибилен доколку јавноста прво не ги дознае критериумите врз кои се прави селекција на менаџерите кои што ќе можат на трошок на сите граѓани да одат на дополнително усовршување во странски компании.

– Овој проект мора да им даде еднакви шанси на сите менаџери во земјава, вклучувајќи ги и оние од приватниот сектор, бидејќи и тие како и сите други физички или правни субјекти во Република Македонија, не само што се даночни обврзници по неколку основи, туку и придонесуваат кон полнењето на буџетската каса на државата. Ако досега низ овој барабан минале 40 кандидати, ПЕП 21 прашува зошто јавно не се обелоденија ефектите од нивното образување, дополнително усовршување, обуки, односно дали тие придонеле за зголемување на производството, намалување на невработеноста или ова е проект за прошетка низ Европа, се разбира со народни пари и пари од даночните обврзници, се вели во реакцијата на партијата.

Оттаму велат отчетот на овие менаџери не треба да се сведе само на избалансиран извештај до Владата за нивно присуство на обуки и на дополнителното усовршување. Граѓаните мораат да знаат колку од нивниот џеб оди на трошок за реализација на овој проект, колку чинат странските дневници, обуките и колку чинат услугите на менторите.

„Кои се имињата на првите 40 менаџери што биле во странство? Да не се тоа некои менаџери во јавни или државни институции, или пак нивни роднини? Дали станува збор за некомпетентни имиња?“, прашуваат подолу во реакцијата.

Дополнуваат дека сите информации од овој проект не може да бидат деловна, државна или строго доверлива тајна, а необјавувањето на имињата или ефектот од нивното дополнително усовршување се мерливи категории, така да јавноста треба да процени дали овој проект е во интерес на Република Македонија и нејзините граѓани.

ПЕП 21 верува дека даночните обврзници од Владата ќе бараат фискални сметки и од реализацијата на проектот,,Топ менаџери 150’’.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.