Панк рок групата „Пеперминт“ ќе го промовира својот нов албум насловен „Ама Ако“. После успехот со синглот „Ако“ и активната година со повеќе остварувања и успеси, овој панк-рок состав веќе важи за најголемото освежување на домашната музичка сцена. Како наговестување за последното студиското остварување, „Пеперминт“ неодамна го објавија и новиотвидео спот за песната „Твоето куче“.

Новиот албум „Ама Ако“, кој „Пеперминт“ го објавува за издавачката куќа „Пасворд Продакшн“ содржи 11 композиции и е надополнет со четири бонус песни.

Сите песни се снимени во „Пеперминт продукција“, а зад музиката, текстот и аранжманот се потпишува Горан Трифуновски – Пајак. Покрај Горан Трифуновски (вокал и гитара), во составот на „Пеперминт“ се: Златко Доневски – Боззо (тапани и вокали), Јане Тодоровски – Фанк (бас и вокали) и Ана Трифуновски (шејкери и вокали). Во реализацијата на ова студиско остварување како гости се појавуваат: Маријан Петровски, Кацар, Иван Душков, Игор Николовски – Гац, Сотир Ивановски – Тир, Весна Левајковиќ, Филип Вирановски.

Промоцијата на албумот „Ако“ ќе се одржи во среда, 13ти февруари, во кафе бар „Љубов“, за оваа промоција бендот подготвува и посебен акустичен сет.