Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

 Персоналот на Стејт департментот во Сирија ќе биде евакуиран во рок од 24 часа

0
By Нова ТВ on December 19, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 19, 2018 19:00

Вработените во американскиот Стејт департмент, кои сега во Сирија, ќе бидат евакуирани во рок од 24 часа, изјави неименуван претставник на американските власти.

Тој рече дека САД планираат во целост да ги повлечат воените сили од Сирија, откако ќе заврш финалната фаза на последната операција против терористичката група „Исламска Држава”, пренесува БТА. Временската рамка за повлекување на војниците се очекува да биде помеѓу 60 и 100 дена.

Весникот „Волстрит џурнал” пишува дека одлуката за повлекување е донесена лично од американскиот претседател по разговор со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган. Турција ги смета за терористичка организација „Сириските демократски сили“ – курдско-арапска коалиција, која е сојузник на САД во борбата во Сирија против „Исламска Држава”.

– Сето она што следи е спроведувањето на она што беше договорено за време на овој телефонски повик, рече неименуваниот американски официјален претставник.

Претходно денеска портпаролката  на Белата куќа Сара Сандерс рече дека САД почнале да ја повлекуваат својата војска од Сирија. Таа појасни дека враќањето дома на американските војници претставува нова фаза во кампањата против терористичката организација „Исламска Држава”.

– Победите над ИД во Сирија не значат крај на глобалната антиџихадистичка коалиција или на нејзината кампања. Почнавме да ги враќаме американските војници дома, бидејќи минуваме кон нова фаза во оваа кампања, рече Сара Сандерс.

Таа потсети дека пред пет години ИД била „моќна и опасна сила на Блискиот Исток”, но сега САД ставиле крај на калифатот, прогласен од групата во териториите со кои владееше.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ја постигнале својата цел во Сирија, односно постигнале победа над терористичката група „Исламска Држава“.

„Ја поразивме групата `Исламска Држава` во Сирија, единствената причина, според мене, поради која бевме таму за време на моето претседателство“, напиша тој на Твитер.

На тврдењето на Трамп за поразот на ИД реагираше државниот секретар во британското Министерство за одбрана Тобајас Елуд. „ИД се преобрази во други форми на екстремизам и заканата и натаму постои“, напиша тој на Твитер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.