Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пешевски: Еврообврзницата сепак ќе биде издадена

33
By Нова ТВ on July 15, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 15, 2016 15:03

vladimir-peshevski-9-42059

Вицепремиерот Владимир Пешевски во изјава за телевизија Канал 5 вели дека еврообврзницата сепак ќе биде издаде, а со писмото на Кире Наумов од СДСМ кој ги преупреди банките за задолжувањето, се прави штета на репутацијата на земјата.

-Со тоа писмо се нанесува голема штета на Република Македонија, бидејќи еврообврзницата се издаваше за период од две години, значи не требаше сите средства да се употребат само за оваа година, туку и за следната. Со ова се нанесува огромна штета на репутацијата на Република Македонија бидејќи и покрај тоа што не постоeја правни пречки за издавање на еврообврзницата сепак инвеститорите и советници, сите вакви написи ги следат со крајно внимание и ќе биде потребно сега да бидат дополнително уверени дека  не постојат пречки за нејзино издавање, вели Пешевски.

Издвањето на еврообврзница е одложено денеска откако до заедничкиот менаџмент составен од претставници на Сити, Дојче банк, Ерсте банк и Сосиете женерал кои требаше да тргуваат со неа било испратено писмо од Наумов во кое се наведува дека земјата можеби нема легална основа за нејзино издавање.

Наумов на денешната прес-конференција порача дека pроцесот на издавање на еврообврзницата од 650 милиони евра е одложен, но не и прекинат, бидејќи власта побарала

правно толкување за важноста на целата постапка од страна на Министерството за правда кое ќе биде испратено до банките за тоа дали е неопходно толкаво задолжување, мислење кое согласно Законот за јавен долг требало да биде издадено пред носењето на одлуката за задолжување.

– Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ по којзнае кој пат спасот го гледаат во својот коалиционен партнер ДУИ. Со ваквото темпо на задолжување Груевски и ВМРО ДПМНЕ ги туркаат граѓаните и РМ кон финансиски колапс. Пари во Буџетот за плати и пензии има. Задолжувањето е за непродуктивни трошења корупција и криминал.  Со ребаланс на Буџетот власта може веднаш да скрати огромни средства за непродуктивни трошоци како 18 милиони евра за Милениумско тркало, 5 милиони евра за барокни фасади, а може да се продаде и мерцедесот на Груевски од 600.000 евра, рече Наумов.

Според него доколку цената на еврообврзницата се зголеми при следното задолжување, тоа нема да биде поради неговото писмо испратено до заедничкиот менаџмент на банките кои треба  да тргуваат со еврообврзницата, туку ќе биде поради сомнежите за злоупотреба на средства од ИПА програмата, дефицитот на Буџетот, а е јасен сигнал што Македонија остана и без постојан претставник на ММФ.

 

 

еврообврзница задолжување Пешевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.