Руските агенции претходно пренесоа дека американската агенција Блумберг објави „Русија ја нападна Украина“ на својот сајт, по што призна дека е грешка и ја повлече веста. 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за РИА Новости рече дека тоа е одличен пример колку опасна ситуација е предизвикана со бескрајните  агресивни изјави  кои според Песков доаѓаат од Вашингтон и од Лондон но и од други европски метрополи.