Published: Tuesday, December 9, 2014 11:10
Пет девојчиња загинаа, а две се повредени откако се сруши ѕид за време на кошаркарски натпревар во Кина.
Несреќата се случила синоќа во средно училиште во градот Хуајбеј, откако попуштил еден од ѕидовите на салата и се урнал врз децата.
Од двете повредени деца, едно се наоѓа во болница во стабилна состојба, додека другото е со полесни повреди.
Полицијата ги истражува причините за несреќата и го испитува раководството на училиштето.




