Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пет години од „Диво Насеље“, Чулев на панихида во Куманово, јавноста сè уште без одговори

0
By Нова ТВ on May 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 9, 2020 12:53

Денеска се одбележуваат пет години од случувањата во кумановската населба „Диво Насеље“. На 9 мај во 2015 година, македонските граѓани, а особено кумановци, отворија очи со вознемирувачка вест, фотографии и видео клипови. Се разбудија со звуци од оружје, надлетувања хеликоптери, дел од градот во близина на „Тоде Мендол“ или попознат како Диво Насеље беше затворен. Граѓаните и наредниот ден слушаа рафали, се гледаше црн чад.

Денеска за овој настан сведочат вдлабнатини од куршуми на една од куќите на почеток од уличката „Јоско Илиевски“ која сведочи за кумановските настани од 9 и 10 мај 2015 година. Граѓаните велат дека спомените не треба да се заборават и никогаш да не се повторат. Но, јавноста и натаму е без одговори на прашања и дилеми што точно се навистина се случуваше на тој ден пред пола деценија.

Во престрелките животот го загубија Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ, Горан Стојменовиќ кои посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“, а 37 припадници на безбедносните сили беа повредени.

По тој повод во Соборниот  храм „Свети Никола“ во Куманово, денеска се одржа панихида за осумтте загинати припадници на полицијата кои учествуваа во вооружените престрелки во „Диво Насеље“ што се случија на 9 и 10 мај во 2015 година. Панихидата ја организираше група бранители од Куманово, а присуствуваше и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

И кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски сподели видео на социјалните мрежи од „Диво Насеље“, истакнувајќи дека градот ќе продолжи да се развива, но и дека заслужува одговор што вистински се случи на 9 и 10 мај во 2015 година.

Во дводневните борби беа убиени десет припадници на косовска група, а 29 беа уапсени и им се суди за тероризам. Во населбата беа уништени 60-тина куќи во две улици, каде се криеја терористите.

Граѓаните на Куманово преживеаа два пеколни и неизвесни дена додека траеа борбите, но не подлегнаа на провокациите и го сочуваа соживотот во градот.

Диво насеље Куманово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.