Пет полициски службеници од граничниот премин Богородица се приведени за земање мито. Кај нив се најдени 822 евра и алкохолни пијалоци.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР по добиени оперативни сознанија за незаконито постапување на полициски службеници од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде оперативно тактички мерки и дејствија при што кај полициски службеници пронајде и одзеде денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 822 евра, како и алкохолни пијалоци.

Полициските службеници М.М. (50), С.O.(36), Р.С. (41), M.K (37) и Д.Д (41) се лишени од слобода и задржани во СВР Струмица, по што во текот на денот заедно со доказниот материјал ќе бидат предадени на надлежниот јавен обвинител“, соопштија од МВР.

„Секој граѓанин, ако од него полициски или царински службеник побара мито, да го пријави случајот во МВР, рече денеска портпаролот, Тони Ангеловски.

-Нашиот Оддел за внатрешна контрола веднаш ќе реагира. Заедно да ги сузбиеме овие несакани појави.

-Ние преземаме мерки против сите службеници. Минатата недела имавме акција против царински служебници, сега имаме за полициски службеници, рече портпаролот и додаде  дека полицијата продожува со конктунирани контроли.