Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пет причини кои доведоа до падот на Борис Џонсон

0
By Соња Крамарска on July 7, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред помалку од три години, Борис Џонсон ги предводеше конзервативците до нивната најголема изборна победа од 1987 година, а сега ја загуби поддршката од своите пратеници и треба да поднесе оставка. Како дојде до ова?

Би-Би-Си наведува пет причини за падот на Џонсон.

Аферата Крис Пинчер

Во средата на 29 јуни, пратеникот Крис Пинчер – отиде во приватен клуб во Лондон. Тој беше обвинет дека допирал двајца мажи, што доведе до голем број слични обвинувања, некои од пред неколку години. Така започна синџирот на настани кои завршија со падот на премиерот. На почетокот Даунинг стрит рече дека Џонсон не бил свесен за „конкретни наводи“ за Пинчер пред да го назначи на функција во февруари.

На 4 јули, Би-Би-Си објави дека Џонсон знаел за приговорите околу Пинчер. Следниот ден, поранешен државен службеник – Лорд Мекдоналд – рече дека на премиерот му била кажано лично за приговорите. Џонсон тогаш призна дека му било кажано во 2019 година и се извини што го назначил Пинчер за заменик министер.

Прекршување на ковид карантинот

Во април оваа година, премиерот Џонсон беше казнет поради кршење на правилата за карантин, откако присуствуваше на собир на неговиот роденден во јуни 2020 година. Тој, исто така, се извини што отишол на забавата во градината на Даунинг стрит за време на првиот голем карантин во Велика Британија. Метрополитенската полиција во тоа време издаде 126 казни на 83 лица за кршење на карантинот во Даунинг Стрит.

Беа откриени и цела серија социјални настани од политичкиот персонал на Џонсон со кои го кршеле карантинот а во фокусот на повеќето беа Џонсон и неговата млада сопруга Кери.

Криза на трошоците за живот – и зголемување на даноците

Инфлацијата во Велика Британија нагло порасна во 2022 година, до сегашната стапка од 9,1 отсто. Многу од причините беа надвор од контролата на Борис Џонсон. Руската инвазија на Украина, на пример, доведе до пораст на цените на нафтата и на цената на храната. И, иако владата презеде некои чекори – на пример, со намалување на давачката за гориво, владата исто така продолжи со зголемување на даноците во април. Владата рече дека зголемувањето на даноците е за подобра здравствена и социјална заштита.

„Среде најлошата криза на трошоците за живот“, рече лидерот на лабуристите Сер Кир Стармер во април, „владата избира да ги зголеми даноците“.

Овен Патерсон

Во октомври 2021 година, Комитетот на Долниот дом препорача 30-дневна суспензија за тогашниот конзервативен пратеник Овен Патерсон, сопартиец на Џонсон. Комитетот рече дека тој ги прекршил правилата за лобирање, за да се обиде да им биде од корист на повеќе компании кои му плаќале.

Но, конзервативците – предводени од премиерот – гласаа за укинување на неговата суспензија и формираа нов комитет за да добијат на време. По обелоденувањето на скандалот случајот заврши со оставка на пратеникот Патерсон. Џонсон подоцна призна дека не се снашол во справувањето со случајот.

Недостаток на фокус – и идеи

Борис Џонсон го освои своето огромно мнозинство врз основа на јасна, лесна за следење политика со мотото „Заврши го Брегзит“. Но, оттогаш, велат неговите критичари, во Даунинг стрит има недостаток на фокус и идеи. Неговиот поранешен советник кој му стана главен критичар, Доминик Камингс, постојано го обвинуваше дека е нестабилен и дека е под влијание на жена му.

Во јуни, конзервативниот пратеник и поранешен министер Џереми Хант го обвини Џонсон дека нема „интегритет, компетентност и визија“. Хант зборуваше при расправата за гласањето на доверба на Џонсон која тој да доби, но критиките кон него стануваа се погласни. (Би-Би-Си)

Борис Џонсон пет причини за падот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.