Пет членови на посадата на луксузниот „крузер“ МС Томсон Величество загинале кога чамецот за спасување паднал од крузерот, додека бродот бил зактован на пристаништето Санта Круз де ла Палма на Канарските Острови.
До несреќата дошло за време на рутински вежби.

Помеѓу загинатите се три машки лица од Индонезија, еден Филипинец и еден жител на Гана. Тројца луѓе се повредени.

За времето на несреќата, на крузерот се наоѓале околу 1400 луѓе, пренесува Би Би Си, но ниту еден од патниците не бил во опасност.

Како дошло до несреќата сеуште се истражува.