Над 160.000 луѓе потпишале петиција објавена на интернет против доделувањето формален статус на првата дама, сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон.
Со петицијата која е поставен на сајт пред две недели се бара да не се издвојуваат пари од буџетот за првата дама на Франција.
-Брижит Макрон во моментов има тим од двајца-тројца помошници, две секретарки и два безбендосни агенти. Тоа е доволно, се наведува во петицијата.
Макрон рече дека за својата 64 годишна сопруга ќе воведе позиција прва дама, но вети дека за тоа нема да се издвојуваат пари од буџетот.
Крајно левичарските противници на претседателот Макрон во Парламентот веќе протестираа против тој план во моментот кога Владата го намалува буџетот и се подготвува за да усвои нов закон со кој на пратениците нема да им се дозволи да вработуваат членови на своите семејства како помошници.




