Новиот бугарски премиер го одби барањето на Русија, НАТО да се повлече од Бугарија. Петков беше повикан во Парламентот од страна на ГЕРБ, да се изјасни за барањето на Русија за повлекување на силите на НАТО  од сите земји кои не биле членки на Алијансата во периодот пред 1997 година, што ги вклучува земјите од Централна и Источна Европа,меѓу кои се и Романија и Бугарија.

Петков ја повика Руската федерација да остане ангажирана во дијалогот за деескалација на тензиите и да работи за посигурна Европа.

Рече и дека, Вашингтонскиот договор не предвидува втора категорија држави-членки, за кои колективната одбрана би се употребувала по потреба и во ограничен обем.