Бугарскиот премиер, Кирил Петков, при денешната посета на нуклеарната централа „Козлодуј“ и разговорите со раководството, побарал да се расчистат пречките за реализација на проектот со американската компанија „Вестингхаус“, со цел земјата да добие и алтернативно гориво за работата на нуклеарната централа.

Нуклеарната централа „Козлодуј“ моментно е целосно зависна од руското нуклеарно гориво за својата работа.

Премиерот Петков на разговорите со раководството на нуклеарката „Козлодуј“ изјави дека е вознемирен од тоа што се случува во Европа. Тој предвидува дека војната ќе продолжи уште пет години. Затоа, изрази желба Бугарија да може да ги продолжи можностите за завршување на процесот на диверзификација на нуклеарното гориво.