Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петковски: Блиску сме до решение, но Грците се добри трговци

0
By Нова ТВ on May 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на НСДП Тито Петковски смета дека сме блиску до решавањето на спорот со Грција, но предупреди дека Грците се одлични трговци и уште подобри преговарачи.

– Не верувам во овие гушкања, добри пораки и срдечни поздрави, затоа што Грците се итри. Тие се одлични трговци и уште подобри преговарачи. Јас тоа не го кажувам првпат. Грчката официјална политика, грчката држава отсекогаш, особено од осамостојувањето, не сакала да постои ниту македонски јазик, ниту македонска држава. Доколку сега има созреани кругови коишто имаат влијание во грчката политика, се однесуваат онака како што говорат, мислам дека сме блиску до решавањето на ова прашање, рече Петковски.

Тој говореше на Конгресот на партијата што се одржу денеска, на кој 500 делегати ќе избираат претседател на партијата и членови на Централниот и на Надзорниот одбор,  а ќе биде усвоена и Програмска платформа за делувањето на НСДП.

Петковски во воведното обраќање рече дека е политичко самоубиство настап на избори надвор од двата најголеми политички блока, во услови кога мандатите се распределуваат според Донтовиот модел.

– Оптимизмот го гледам во евентуалните измени на изборното законодавство, кое веќе е најавено, во насока на една изборна единица, отворени листи, како  и низок праг за влез во Собранието, рече Петковски кој е единствен кандидат за претседател на НСДП и се очекува да биде реизбран.

Надежта ја гледа во изборната програма на СДСМ зад која, како што рече, застанаа сите политички партии од коалицијата.

Конгрес НСДП Преговори за името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.