Осум лица загинаа, меѓу кои и петмесечно бебе, при гранатирање на вториот по големина град во Украина, Харков. Повредени се вкупно 17 лица.

Три лица настрадаа во руските напади и на областа Лисичанска, град на истокот на земјата на кој, покрај Северодоњецк, руските сили ги фокусираат своите активности на терен во изминатите денови.

Гувернерот на Харков, Олег Шинехубов информира за двајца загинати мажи на возраст од 64, односно 82 години, и десетина повредени, меѓу кои и деветгодишно девојче, при гранатирање на градот Балаклија.

Украинските власти наведуваат дека руските сили и натаму се обидуваат да напредуваат во областа Северодоњецк, преостанатиот дел од Луганск, што е под контрола на Украина.