Во текот на изминатиот ден, пет цивили загинаа, а шест беа повредени во руското гранатирање на регионот Доњецк, изјави шефот на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко на Фејсбук, јавува дописникот на агенцијата „Укринформ“.

„На 15 септември 2022 година, Русите убија пет цивили во регионот на Доњецк, имено во Селидове, Краснохоривка, Маринка, Соледар и Бахмут. Повредени се уште шест лица“, напиша Кириленко.

Во моментот, исто така, е невозможно да се изброи точниот број на жртви во Мариупол и Волноваха, додаде Кириленко.

Синоќа руските војници повторно го погодија градот Харкив со проектили. Пријавени се жртви меѓу цивилите, меѓу кои и две деца. Покрај тоа, оштетени се и комуналните системи, објави началникот на регионалната воена управа на Харкив, Олех Синиехубов на Телеграм.

„Ракетни напади беа регистрирани во областа Слобидски и кварт Киевски околу 3:30 часот. Еден од проектилите погоди отворен простор во близина на двокатна станбена куќа. Оштетени се комуналните системи, а автомобил се запали. Двајца возрасни и две деца, 5 и 17 години, добија полесни повреди од шрапнели“, истакна Синиехубов.

Во областа Киевски, непријателскиот проектил погодил еднокатна зграда. Според првичните податоци, нема жртви.

Потсетување дека, според градоначалникот на Харкoв, Ихор Терехов, повеќе од 400 куќи повеќе не можат да се обноват во градот. Можат да се реновираат шеесет и седум станбени објекти, а во дел веќе се започнати соодветни градежни работи.

Извор: civilmedia.mk