Published: Saturday, July 2, 2016 10:24
Петмина се убиени, а 22 ранети во Житиште кај Зрењанин кога маж З.С (38) влегол во кафуле и пукал кон гостите со автоматско оружје. Убиецот, најпрво ги убил својата сопруга и уште едно жена и продолжил да пука на луѓето кои во тој момент се наоѓале во кафулето, информира Министерство за внатершни работи на Србија.
Другите три жртви им подлегнале на повредите во болницата во Зрењанин. Во нападот четири лица се здобиле со тешки повреди, а меѓу ранетите имало и тројца малолетници.
Мажот е уапсен, а полицијата ги истражува мотивите за злосторството.




