Published: Monday, October 24, 2016 11:47
Петмина ги загубија своите животи откако мал патнички авион од типот „Метролајнер“ се урна денес по полетувањето од аеродромот во Валета во Малта, пренесуваат светските агенции.
Авионот требал да лета за Мисрата, Либија.
Според дневниот весник Times of Malta, авионот бил најмен од Луксембург за потребите на Фронтекс, но откако ова беше демантирано од Фронтекс, за сега нема информации од каде се загинатите во оваа авионска несреќа.




