Published: Wednesday, February 15, 2017 10:03
Најмалку пет луѓе се убиени во напад со нож во кинескиот регион Синкјанг, соопшти регионалната влада на префектурата Хотан, додавајќи дека полицијата убила тројца напаѓачи.
Во нападот што се случил синоќа повредени се 10 луѓе, се наведува во соопштението на сајтот на регионалната влада.
Освен дека истрагата е во тек, нема други детали за нападот, ниту мотивот.
Повеќе стотина луѓе настрадаа претходните години во овој регион во насилни пресметки меѓу припадниците на етничките заедници Ујгури и Хан Кинези.




