Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска – Брнз: Северна Македонија и САД се пример за стратешка, сојузничка одбранбена соработка

0
By Biljana on February 11, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за одбрана Славјанка Петровска се сретна со амбасадорката на САД во нашата земја, Кејт Брнз.

Северна Македонија и Соединетите Американски Држави имаат одбранбена соработка што може да послужи за пример како соработуваат две сојузнички земји, но и земји кои се стратешки партнери. Соработката која се реализира повеќе од 25 години ни помогна да ги исполниме стандардите на Алијансата, истакнала министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со амбасадорката на САД во нашата земја, Кејт Брнз.

Таа изразила благодарност за американската поддршка за развој на нашиот најголем капацитет за обука и извежбување, армискиот полигон „Криволак“ каде македонски и американски единици работеа на развој на интерната инфраструктура и содржините за извежбување, а беше изградена и полетно-слетна патека за беспилотни летала.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, на овој полигон оваа пролет ќе се одржи најголемата воена вежба која досега се реализира на „Криволак“, вежбата „Swift Response 22“, што ја организираат Американските сили во Европа, а учество покрај САД и Северна Македонија ќе земат и Обединетото Кралство, Италија, Франција, Албанија и Црна Гора.

Во однос на модернизацијата, министерката Петровска изразила задоволство што Армијата, преку договор Влада со Влада кој го зацврстува интегритетот во работењето, набавува нови и софистицирани оклопни транспортери токму од Соединетите Американски Држави.

Петровска и Брнз се осврнале и на ситуацијата во Украина, при што ја истакнале важноста на единството со кое НАТО сојузниците пристапуваат кон прашањето, вложувајќи напори за дипломатското решавање на спорот. Изразиле и поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

„Северна Македонија и САД низ годините имаше исклучително продуктивна соработка, особено во доменот на заедничките обуки и вежби, а последните години се карактеризираат и со неколку посети на највисоко ниво. Во моментов припадниците на нашата НАТО единица, Лесната пешадиска баталјонска група во Штип се обучуваат заедно со припадниците на 4. бригада за поддршка на САД, додека припадниците на специјалните сили извежбуваат со американски маринци“, стои во соопштението од МО.

Амбасада на САД Кејт Мери Брнз Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.