Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска во Белата куќа, средба со Советот за национална безбедност на САД

0
By Соња Крамарска on June 3, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 3, 2022 16:05

Министерката за одбрана Славјанка Петровска рано утрово по американско време во Белата куќа имаше средба со Аманда Слот, директорка за Европа, Дејвид Фабрицки, директор за НАТО и европски прашања и Адмир Музурович, директор за Балкан и Централна Европа при Советот за национална безбедност.

На средбата стана збор за безбедносната состојба на европскиот континент, која бара единство, сојузништво и брза и ефикасна интеграција, соопшти Министерството за одбрана.

Министерката Петровска порача дека токму процесот на европска интеграција стана безбедносно прашање од највисок приоритет при што ја поздрави американската поддршка за неодложен почеток на преговорите за членство на Северна Македонија со ЕУ.

„Прашањето на почетокот на пристапните преговори со Европската Унија, особено во денешната безбедносна реалност во Европа е прашање од највисок приоритет. Европа и НАТО мора да останат обединети во осудата на руската агресија врз Украина и мора да работат на уште посилна интеграција на земјите кои ги споделуваат истите вредности. Северна Македонија со фактот дека е целосно усогласена со Европската надворешна и безбедносна политика покажа дека е вистински партнер и дека својата иднина ја гледа во Унијата“, рече министерката.

Петровска подвлече дека позитивна одлука за почетокот на преговорите е потребна веднаш, затоа што на тој начин ќе се зацврсти безбедноста на регионот како важен геополитички дел на Европа, и ќе се оневозможи влијанието на трети земји во Западниот Балкан и ќе се зачува кредибилитетот на ЕУ.

Директорката Слот изрази силна и непоколеблива поддршка за европската интеграција на Северна Македонија, за која рече дека не треба да трпи понатамошно одлагање, соопшти Министерството за одбрана.

Белата куќа Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.