Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска во Kралскиот институт во Лондон: НАТО има јасен одговор на сите безбедносни закани

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Целосно ја осудуваме руската инвазија на Украина. Северна Македонија заедно со сојузниците во НАТО дава силна поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нападот од Русија е повреда на меѓународното право и на човековите права во Украина, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната тркалезна маса во Кралскиот институт РУСИ (The Royal United Services Institute) во Лондон, Обединетото Кралство, на тема „Современи безбедносни закани и нивното влијание врз Западниот Балкан“.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Петровска истакнала дека листата на безбедносни закани денес е навистина широка со акцент на  зголемените кибер и хибридни закани. НАТО – Алијансата, посочила таа, е здружена и работи заеднички да ги пресретне сите безбедносни закани.

– НАТО има јасен одговор на сите безбедносни закани – ние ја зголемуваме нашата подготвеност за одбрана и одвраќање и ги поддржуваме меѓународните напори за стабилност и безбедност на глобално ниво, потенцира Петровска.

Според Петровска, во оваа безбедносна ситуација во Европа, сосема е јасно значењето на членството на Северна Македонија во НАТО.

– Како политичари ние треба да имаме јасна слика што ќе значат чекорите што ги преземаме за иднината на земјата. Денес е јасно колкава е важноста на членството на Северна Македонија во НАТО  за безбедноста на граѓаните, и колкаво е значењето на чекорите што Владата ги презеде за да ја реализира оваа стратешка цел, порача Петровска.

Министерката додаде дека дека во оваа насока особено е важно да се забрза процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ бидејќи интеграцијата има сериозен безбедносен елемент.

– Во ваков момент на безбедносни предизвици неопходна е јасна интеграциски перспектива на Западен Балкан во ЕУ и расчистување на патот за Северна Македонија кон преговорите, што ќе биде силен сигнал за безбедноста на регионот, нагласи министерката за одбрана.

Петровска информира дека Северна Македонија, ангажирајќи ги сите потребни институции и Владата во октомври 2021 година донесе Стратегија за градење на отпорност и справување со хибридни закани и дека воспостави блиска соработка со НАТО и Европската Унија на ова поле.

На тркалезната маса учествувале и Џонатан Ејал, меѓународен директор во РУСИ, кој порачал дека светот, а особено Европа, се соочува со безбедносна криза досега невидена во поновата историја на континентот и дека е потребно да надвладее разумот и воените интервенции да се заменат со разговори и искрен дијалог. Тој, како што стои во соопштението од МО, го поздравил ставот на Северна Македонија за осуда на воените дејствија во Украина во линија на сојузниците, како и потребата од забрзувањето на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Кралскиот институт РУСИ е независна тинк-тенк организација фокусирана на областа на одбраната. Институтот е формиран во 1831 година и речиси два века претставува платформа за дискусија и анализа на светските одбранбено – безбедносни текови

Кралски институт НАТО Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.