Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска во посета на македонските војници во Романија, високи оценки за нивниот придонес во Мултинационалните сили на НАТО

0
By Ана Василевска on November 10, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во рамките на официјалниот престој во Романија, во касарната Отопени ги посетила војниците од македонскиот контингент кои се дел од Мултинационалните сили на НАТО сместени во оваа сојузничка земја.

-Ги слушнав оценките на вашите претпоставени дека вашиот ангажман и посветеноста се на навистина највисоко ниво. Заедно со останатите нации, секој ден работите и учествувате во сите вежби и сите активности и давате позитивен пример и вие и колегите од претходната ротација, истакнала министерката на средбата со војниците.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Петровска додала дека припадниците на Армијата кои ќе пристигнат со следната ротација ќе имаат сериозен предизвик да остават исто така добар впечаток.

-Секој еден од вас дава свој личен придонес за колективната безбедност и за успехот на Северна Македонија како членка на НАТО, нагласила министерката Петровска заблагодарувајќи им се војниците од македонскиот контингент во Мултинационалните сили на НАТО во Романија.

Таа посочила дека високите оценки за секој од 35 – мината македонски војници во овие НАТО сили, ја оправдуваат довербата што ја добиле од Министерството и Генералштабот и им порачала да продолжат да бидат посветени како и досега, да даваат сè од себе, да создадат пријателства и познанства кои ќе траат вечно и да се вратат назад во својата земја, кај своите семејства побогати за едно големо искуство.

Петровска во базата Отопени го посетила павилјонот каде се сместени македонските војници, по што бил организиран и ручек со сите припадници на Армијата.

Пред командантот на Мултинационалните сили, бригадниот генерал Константин Николаеску, и членовите на штабот, министерката Петровска се заблагодарила за топлиот пречек и за несебичниот придонес на сите НАТО војници во оваа мисија, кој, како што рекла таа, е потврда дека НАТО заштитува, обединува и зацврстува.

-Исклучително сум благодарна за силната поддршка која му ја давате на македонскиот контингент. Уверена сум дека секој припадник на Армијата дава свој придонес и дека нераскинливите врски кои ги создадовте ќе траат вечно, порачала министерката.

Северна Македонија својот придонес во рамки на Мултинационалните сили на НАТО во Романија го започна во ноември 2022 година, со испраќање на единица во јачина од еден вод, односно 35 припадници во рамките на овие НАТО сили. Целта на Мултинационалните сили на НАТО во источното крило на Алијансата е да ја зацврстат колективната безбедност и да го демонстрираат единството на земјите-членки во заштита на секоја педа сојузничка територија.

НАТО Романија Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.