Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пеце Смртта ги „воскресна“ Лавовите – формиранa нова невладина

1
By Нова ТВ on March 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Себеси се нарекува Пеце Смртта. До пред неколку години работел во битолската полиција, а се борел и во „Лавовите“. Неделава основаше невладина организација, уште една во низата таканаречени патриотски здруженија на граѓани кои во последниот еден месец масовно се регистрираат во Централниот регистар. Делат исти цели во статутот – сите со националистички преднзак. Сето ова се случува откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во својот говор пред ДИК во декември 2016 повика на тн. десороизација и најави формирање на нов силен невладин сектор кој ќе се борел против оние кои биле под нечија контрола.  

Во Централниот регистар се регистрираше уште едно таканаречено патриотска невладина организација  – „Здружение на бранители МПО Лавови Битола“. Основачи се пет лица од Битола, а претседател е Петар Христовски, поранешен вработен во СВР Битола.

Во Статутот на битолските „Лавови“ пишува дека цели и задачи на здружението се зачувување на територијалниот интегритет, целовитост и унитарност на Македонија, како и зачувување на македонските гени од древнина до денес. Лавовите ќе се залагаат и за подобрување на правата на бранителите и создавање на цврсто македонско лоби со цел штитење на македонските интереси.

Петар Христовски, кој себе си на „Фејсбук“ се нарекува Пеце Смртта, вели дека е еден од ветераните на ВМРО ДПМНЕ и бранител и еден од основачите и командантите на расформираната единица на МВР„Лавови“.

Тој во еден негов пост на 16 декември, денот кога Државната изборна комисија одлучуваше за приговорите на СДСМ и кога членови и функционери држеа говори и имаа протест пред оваа институција, ги повикува бранителите да излезат и тие и да ја бранат Македонија.

„Самоиницијативно без да стои партијата или било кои друг зад мене упатувам апел до сите ветерани и бранители без разлика каде и да се наоѓате и во било која политичка опција да се сплотиме повторно на бедемот викан ДИК бидејки ние имаме само еден идол Македонија која ја браневме и во времето кога се формираше кога Јордан Мијалков беше Министер на МВР ја браневме 2001 ќе ја браниме и денес оти ни е една. и единствена Македонија. Никола, Љупчо, Љубе се политичари нека решаваат меѓу себе што сакаат, а ние сме ветерани и борци. Денес и требаме на Mакедонија. Приклучете се пред ДИК“, вели Христовски на „Фејсбук“.

Ова е трето здружение кое се формираше само во изминатите седум дена во име на патриотизмот, а од декевмри наваму регистрирани се повеќе такви. НОВА ТВ објави дека во Централниот регистар минатиот вторник беа впишани здруженијата  „Национален фронт“- Прилеп и фондацијата „Македонско наследство Тодор Александров“.

Овластено лице на прилепското здружение е Јане Ченто, а на фондацијата е Дијана Транталовска. Еден од основачите на фондацијата е и универзитетската професорка и член на ГДОМ, Виолета Ачкоска.

Јане Ченто или Војводата од Прилеп за НОВА ТВ изјави: „Македонски стремеж за зачувување на територијалниот интегритет, како и одбраната на сите национални и државни интереси од сите странски или домашни структури кои работат против македонскиот народ и држава, го иницираа формирањето на Македонски патриотски здруженија.

Без разлика која партија е на власт нема да дозволиме да се чепка по националните интереси. Ние ќе се залагаме македонските партии да потпишат национална стратегија за зачувување на идентитет,јазик и името Македонија. Секој оној што ќе застрани од тоа да биде осуден за велепредавство .“

Статутите на сите овие здруженија речиси се идентични од збор до збор. Напливот на вакви патриотски здруженија го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во својот говор пред ДИК во ноќта на „долгите ножеви“.

„Ќе се бориме за десороизација на Република Македонија и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и невладините организации по теркот на најнапредните демократии во светот“, рече Груевски

Битола Заедничка Македонија Лавови патриотски здруженија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.