Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петта стихозбирка на Наташа Сарџоска – книга за болката

0
By Нова ТВ on December 20, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 20, 2019 12:34

Во спомен-собата на Браќата Миладиновци во Градската библиотека во Скопје на 19 декември се одржа промоција на поетската книга „Крстна коска“ (ПНВ Публикации, 2019) на Наташа Сарџоска, поет, писател, есеист, антрополог, полиглот, преведувач и перформер. Ова е нејзина петта стихозбирка, а трета по ред во потесен избор за престижната награда за најдобра поетска книга „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезјата. За книгата говореше Владимир Мартиновски, модератор на настанот беше Братислав Ташковски, а стихови читаше актерката Софија Насевска.

„Сакав да напишам книга за поразот, книга за болката, болката на таткото, на ќерката, на прогонетиот, на бездомниот, на жената што губи дете, на осамениот човек, на болните луѓе препуштени на немилоста на лошиот здравствен систем; и сакав таа болка да ја пренесам преку телесноста, преку крс(т)ната коска во којашто се вкрстени сите нерви, каде што се раѓа животот, во тоа невидливо невралгично жариште на нашиот р’бетен столб. И затоа ја вметнав буквата Т (во таа лексичка низа првиот збор што го учиме на буквата Т е татко), во облик на крст, како симбол за ограниченоста и конечноста на човечкото тело. Сакав да напишам книга за прогромот на Евреите, кој е внедрен во секој од нас, преку човечката коба да се вперува злото секогаш некаде другаде, освен во себе, книга за Shoah којашто сѐ уште трае во сите нас, во нашиот свет, во застојот на цивилизацијата, во прекинот на творештво и производство, во онтолошкиот понор во секој од нас, раскрстен во немилосрдноста на потрошувачките општества во коишто сите сме ние само број, повикани по број, изложени на поморот на обесчовечувањето. Конечно, сакав да напишам книга за органските болки што тлеат физички во нашите тела и тоа да го доловам преку метафората на човечките органи. Оттаму, книгата е поделена на два циклуса sacrum и plexus. Беи Дао вели дека пишувањето поезија е засадување семе во жива рана; Октавио Паз, пак, вели дека поезијата е воскреснување на присуства: а Јосиф Бродски вели јас немам принципи, јас имам нерви. Имено, јас сакав да напишам книга токму со нерви, сакав да видам кои присуства ќе излезат од тој процес и што ќе изникне од живата рана на нашите тела“, вели авторката Наташа Сарџоска.

Авторката, освен оваа, ги објавила и книгите поезија „Сина соба“, „Кожа“, „Тој ме повлече со невидлив конец“, „Жива вода“ во Македонија и „Pelle“ во Италија и САД, бројни раскази, есеи и преводи на врвни светски автори. Нејзините песни се преведени и објавени на повеќе од петнаесет светски јазици и објавени во поетски антологии во Израел, Колумбија, Словачка, Италија и Германија. Ја има добиено наградата од Министeрството за надворешни работи на Италија за најдобар есеј во 2002 година и за најдобар превод од италијански јазик во 2003. Изведувала поезија на реномирани светски поетски фестивали заедно со музичари, сликари и танчери и настапила на сцените на Арапско-хебрејскиот театар Јафа во Тел Авив, Академијата за уметности во Берлин, Музејот Револтела во Трст, Дуждовата Палата во Џенова, Националната галерија на Братислава, КЦ Стар Град во Белград, МКИЦ во Софија како и во многу други градови на Балканот.

 

болка книга сарџоска стихозбирка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.