Триумфот над Аргентинецот Хуан Игнасио Лондеро во второто коло на Ју-Ес опен (6:4, 7:6, 6:1) беше 71. во кариерата на Новак Ѓоковиќ во Њујорк со што се израмни со Пит Сампрас на петтото место на вечната листа на американскиот тениски гренслем.
Повеќе победи од нив на Ју-Ес опен имаат Џими Конорс (98), Роџер Федерер (87), Андре Агаси (79) и Иван Лендл (73). Доколку проблемите со рамото не станат посериозни, тогаш Ѓоковиќ уште во тековното издание на турнирот ќе го престигне пензионираниот чешкo-американски тенисер.
Најдобриот светски тенисер во моментот освои три титули во кариерата на Ју-Ес опен, две помалку од Сампрас кој е негов идол од детството.
Резултати од мечевите во 2 коло на Ју-Ес опен
Мажи
Ѓоковиќ (1., Србија) – Лондеро (Аргентина) 6:4, 7:6, 6:1
Надал (2., Шпанија) – Кокинакис (Австралија) / Кокинакис го предаде мечот
Медведев (5., Русија) – Делиен (Боливија) 6:3, 7:5, 5:7, 6:3
А. Зверев (6., Германија) – Тифо (САД) 6:3, 3:6, 6:2, 2:6, 6:3
Изнер (14., САД) – Штруф (Германија) 6:3, 7:6, 7:6
Гофан (15., Белгија) – Барере (Франција) 6:2, 6:2, 6:2
Басилашвили (17., Грузија) – Бруксби (САД) 3:6, 7:6, 7:5, 6:2
Вавринка (23., Швајцарија) – Шарди (Франција) 6:4, 6:3, 6:7, 6:3
Беретини (24., Италија) – Томпсон (Австралија) 7:5, 7:6, 4:6, 6:1
Еванс (В. Британија) – Пуј (25., Франција) 6:4, 6:3, 6:7, 6:3
Кудла (САД) – Лајовиќ (27., Србија) 7:5, 7:5, 0:6, 6:3
Бедене (Словенија) – Пер (29., Франција) 4:6, 6:7, 6:2, 7:5, 7:6
Де Минаур (Австралија) – Гарин (31., Чиле) 6:3, 7:5, 6:3
Жени
Осака (1., Јапонија) – Линет (Полска) 6:2, 6:4
Барти (2., Австралија) – Дејвис (САД) 6:2, 7:6
Таунсенд (САД) – Халеп (4., Романија) 2:6, 6:3, 7:6
Петковиќ (Германија) – Квитова (6., Чешка) 6:4, 6:4
Бертенс (7., Холандија) – Пављученкова (Русија) 7:5, 6:4
С. Вилијамс (8., САД) – МекНејли (САД) 5:7, 6:3, 6:1
Путинцева (Казахстан) – Забаленка (9., Белорусија) 6:3, 7:6
Севастова (12., Летонија) – Свјатек (Полска) 3:6, 6:1, 6:3
Бенчиќ (13., Швајцарија) – Корне (Франција) 6:4, 1:6, 6:2
Андрееску (15., Канада) – Флипкенс (Белгија) 6:3, 7:5
Конта (16., В. Британија) – Гаспарјан (Русија) 6:1, 6:0
Ванг (18., Кина) – Ван Ујтванк (Белгија) 7:5, 6:4
Кенин (20., САД) – Зигмунд (Германија) 7:6, 6:0
Контавеит (21., Естонија) – Томљановиќ (Австралија) 4:6, 7:5, 6:2
Мартиќ (22., Хрватска) – Богдан (Романија) 6:2, 6:4
Векиќ (23., Хрватска) – Канепи (Естонија) 7:5, 6:3
Мертенс (25., Белгија) – Кр. Плишкова (Чешка) 6:2, 6:2
Ј. Гергес (26., Германија) – Ди Лоренцо (САД) 7:5, 6:0
Мучова (Чешка) – Хсиех (29., Тајпеј) 6:1, 4:6, 7:6
Сакари (30., Грција) – Пенг (Кина) 6:7, 6:4, 6:2
Јастремска (32., Украина) – Петерсон (Шведска) 6:4, 6:1
Жанг (33., Кина) – Александрова (Русија) 7:6, 4:6, 6:3