Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петтиот член на ад-хок телото за медиуми се бара на јавен повик

0
By Нова ТВ on August 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 16, 2016 16:38

Привремената комисијата, односно ад – хок телото  што треба даго мониторира медиумското известување 100 дена пред избори, упатува јавен повик до сите заинтересирани да аплицират за членство во ова тело.

Рокот за пријавување е заклучно со недела 21 август, а апликациите се испраќаат на contact@avmu.mk.

Четворицата членови на ова тело предложени од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ Љубомир Костовски, Горан Трпеноски, Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова  денеска ги добија и одлуките за именување. Тие имаат рок до 23 август да го изберат петиот член на привременото тело. Иако според договорот петиот член, треба да биде Албанец, во упатениот повик не се наведува овој услов.

Ад хок телото требаше да биде формирано до 19 август, но поради тоа што измените на Изборниот законик и Законот за медиуми беа објавени во службен весник со задоцнување од четири дена, за толку дена се пролонгира и неговото формирање. Ова тело ќе врши проценка на балансираното известување.

Според партискиот договр, телото првиот прекршок ќе го санкционира со предупредување, а евентуалниот втор сноси парични казни. Ниту еден новинар или медиум нема да биде казнуван за искажување на свое мислење, кое пак, според договореното, треба да се разликува од пласирање на информација.

Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски  денеска за МЕТА изјавил дека во тек се подготовките на методологијата за следење на медиумите во предизборната трка која на 26 август треба да биде усвоена на седница на Агенцијата, но и тоа дека нема да се следат порталите.

– Иако во изборниот законик пишува дека треба да се следат и порталите тоа е невозможно. Покрај тоа што има многу портали, дел од нив немаат ниту главен уредник, ниту директор. Така ќе треба едни портали да ги казнуваме, а другите не, затоа што не можеме да им го најдеме сопственикот, ниту уредникот. Затоа во методологијата ќе биде наведено дека порталите нема да ги следиме, туку само телевизиите – вели Трајчевски.

 

ад-хок тело медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.