Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петто продолжение: Конвергенција кон 1 човек со сето богатство (и сите oстанати без скршена пара)

0
By Zoran Ivanov on August 12, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 12, 2025 10:00

Ова е последното, петто продолжение од мојот протест против распределбата на 99% од ресурсите на 1% луѓе и распределбата на останатиот 1% од ресурсите на останатите 99% луѓе!

Емилија Целакоска

Вградено заедно во истовременото прифаќање и неприфаќање на капитализмот, левите сили ги мачи олигархизираната демократија со влијанија на лоби и корпоративни манипулации, како и зависноста на медиумите од олигархиската контрола. Така што, само деолигархизацијата на медиумите е еден огромен проект. Дури после де-олигархизација на демократијата, може демократизација на економијата. Што повторно нѐ враќа на ѓаволскиот круг на Кваката 22.

Локално, уште поразочарувачки делува и спознанието дека претходниот комунизам на Балканот го засадил неолибералистичкиот капитализам уште подлабоко отколку во вековно индустријалните капиталистички земји. Нема поразгален неолибералистички капитализам од претходно искусен комунизам, што десницата на Балканот го докажува, патем како Понтиј Пилат миејќи си ги рацете од сѐ „комуњарско”.

На товар на левите – леви е тешката задача да ја направат прво разликата пред да почнат со уште потешкиот проект за деолигархизација, со цел сериозно да бидат сфатени дека бараат мандат за пробив од ѓаволскиот круг, а не за да бидат само „други” олигарси. Деинсталирање од внатре може да е практично доста тешко, но има можности за декомпозиција, менување, калемење …

Бидејќи го прегазивме стариот социјализам од Социјалистичка Република Македонија (да, Македонија имаше придавка и порано!), а овде не сме поблиску до било каков иновативен социјализам – нели можеме по малку да правиме мутација на овој сегашен капитализам – со „еретички” пост-капиталистички проби?

Зачувување на слободниот пазар изгледа донекаде во ред, иако тоа е симболот со кој капитализмот се перчи и служи на богатите. Навистина, слободниот пазар не е самиот демократска економија, додека демократијата не се неутрализира од очигледните корпоративни легални мамења (најмногу помагани од десницата, но и левите – десни!), сосе лажните соц-интервенционизми, па и оние со глазура на врвна либералност.

На пример: Не е „слобода на избор” да не ви следуваат права за основните човечки потреби за достоинствен живот – лесно достапна и добра здравствена заштита, образование и домување. Не да „бирате слободно” дали ќе имате дом или здравје. Или одморот да биде луксуз со кој се перчите или ве осудуваат. Божем бирате „слободно”, а од тоа немате ни мир, ни права, ни востановени правила, туку постојана анксиозност околу тоа што (не) ви следува, да не го згазите законот заради незнаење… Тоа е десничарската иновација на самобирократизирање, за рајата да биде зафатена и да не мозга многу и да мери колку олигархополот му го шмука животот.

Работата е, слободниот пазар да не може да биде ќебенце за олигархијата.

Ајде да смислиме можност да ја тврдиме сувереноста над нашата вредност во личниот, работниот, здравствениот и дигиталниот интегритет на децентрализиран начин, со што и повратно би ни следувала врвна транспарентност од сите институции, особено финансиските. Бранот е тука веќе некое време: Освен споменатите градови во Шпанија, Амстердам применува вид на циркуларна економија, отворени урбани ресурси, вклучително и за домување, евидентно партиципаторно одлучување. Неапол, „одметникот за заедничкото”, Гренобл, слично, Варшава со „заедничките простори, меморија и правда”…

А Барселона, Цирих, Париз, Тулуз, Хелсинки и многу други применуваат директна отворена дигитална партиципаторна демократија, (не само некаква проста консултација), преку софтвер (Decidim). Не се луѓето таму врзани 4 години за мајмунисување од саможиви климоглави на едикојси олигарх (на пример жабата што кренала ноџе за вовче на кеј), туку одлучуваат многу, многу почесто за работи што им се важни!

Скопје може да биде пост – капиталистички град. И Македонија може да биде пост – капиталистичка економија, без потреба од распределувачи со полтрони и слуги. Може без грабањето и апсурдноста на идејата дека вредност се истиснува исклучиво со пари и моќ.

Навистина, проверете дека повеќе европски градови станаа партиципаторни, во пракса вистински самоуправни социјалистички комуни, со отворени урбани и технолошки ресурси. Нашата кочничарска десница е многу потапа од светската – само им ги држи гаќите на олигарсите случајно да не се конкурираат и да не се потрошат со европските стандарди, затоа и нѐ кочат уште за првото поглавје кон ЕУ. Додека не го откачиме ова кочничарско ВМРО-ДПМНЕ, (како ли го трпиме вакво неспособно до саботажа!) ќе преживуваме овде со чкљц роба, изнајмена правда, матни води на секој чекор, загадување, ѓубре и валидација на насилството кон нас.

Ајде да го искористиме оној „универзум” што тие го отворија за својот опстанок – дека СЀ Е МОЖНО. Приклучокот кон таа моќ ги вади од памет, затоа што може да се остварува речиси како хоби – со малку волонтерско задоволство, со трошка солидарност, со димензијата надеж, а не за парче од ресурсите. Не дека ќе има помалку за нив, туку проблемот им станува верижен – дека може, и пак ќе може, заради тоа пак ќе може итн. – да има нешто не-нивно, да се користи за доброто на сите, а да не е на нивниот експлоатирачки список. Сѐ се може, сѐ и можеме, а имаме и од други да видиме како.

Значи:

Мрш на олигархијата и на нивните пикавци, мрш од граѓанските, социјалните, од нашите работи, мрш од нашиот живот, мрш од спална, откако не им беше доста дневната, мрш и од кујна со глупите кошнички! Какви што ги направија работиве, мрш и од тоалетот, се знае каде!

Со ова петто продложение авторката го јзавршува серијалот „Конвергенција кон 1 човек со сето богатство (и сите oстанати без скршена пара)“.

Линкови:

https://novatv.mk/prvo-prodolzhenie-konvergenczi%d1%98a-kon-1-chovek-so-seto-bogatstvo-i-site-stanati-bez-skrshena-para/

https://novatv.mk/vtoro-prodolzhenie-konvergenczi%d1%98a-kon-1-chovek-so-seto-bogatstvo-i-site-ostanati-bez-skrshena-para/

https://novatv.mk/treto-prodolzhenie-konvergenczi%d1%98a-kon-1-chovek-so-seto-bogatstvo-i-site-ostanati-bez-skrshena-para/

https://novatv.mk/chetvrto-prodolzhenie-konvergenczi%d1%98a-kon-1-chovek-so-seto-bogatstvo-i-site-ostanati-bez-skrshena-para/

 

 

 

Емилија Целакоска петто
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.