Германската авиокомпанија Ер Берлин што чека купувач, објави денеска откажување летови поради исклучително голем број на пилоти кои ненадејно заминале на боледување.
„Соочени сме со исклучително голем број боледувања меѓу нашите пилоти и поради тоа извесен број летови денеска ќе бидат откажани“, нагласи компанијата на Фејсбук.
Германските медиуми денеска објавија дека се откажани околу 100 летови на таа компанија и оти цифрата расте од час во час.
Откажувањата се воглавно од аеродромите во Берлин, Дизелдорф, но и на патувања за Мајорка, Стокхолм и Цирих.
Околу 9.000 патници беа погодени од тие откажувања до пладне. Весникот Билд објави дека станува збор за „револт на пилотите“ кои одбрале боледување наместо штрајк кога автоматски им се одзема од платата.




