Еден ден по несреќата на авионот на Germanwings во кој загинаа 150 луѓе, еден пилот на оваа компанија, пред полетувањето на авионот помеѓу Хамбург и Келн, предизвика силен аплауз кај патниците кои чекаа авионот да полета.
Пред да седне во пилотската кабина и да ги започне процедурите за полетување, тој сакаше самиот да им се обрати на патниците. Приказната ја раскажа Britta Englisch, една од патничките на својот Фејсбук профил.
Брита раскажува (на германски) дека пилотот пред се ги поздравил патниците и им кажал колку е потресен од трагичниот настан. Потоа тој ги уверил патниците дека ќе направи се вечерта повторно да биде со своето семејство исто како и членовите на екипажот на авионот и сите патници.
Патниците биле воодушевени од овој настап и по кусиот говор, кој на сите им дал позитино чувство, пилотот добил силен аплауз.




