Српското Министерство за одбрана ги објави извештаите за падот на хелихоптерот пред Белград, кога на 13 март загинаа седум лица меѓу кои и едно новороденче, во кои се наведува дека одговорноста за несреќата е кај членовите на посадата.
Воениот хелихоптер леташе на ноќна мисија за спасување на новороденче старо само пет дена кое требало да биде итно пренесено од Нови Пазар на итно лечење во главниот град на Србија. Во извештајот на комисијата којашто ја формираше командантот на военото воздухопловство на Војската на Србија, утврдено е присуство на алкохол во крвта на пилотот Омер Мехиќ.
Основна причина за падот е човечкиот фактор и неговото влијание може да се види во неадекватното управување со воздухопловот, а на несреќата влијаеле и тешките временски услови.
– Членовите на посадата најверојатн доживеале просторна дезориентација како последица на умор и на емоционална напрегнатост, поради што не успеале да ја одредат местоположбата на хелихоптерот во просторот. Присуството на алкохолот само ги засилило претходните манифестации, стои во извештајот.




