Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вчерашното интервју за ТВ 24 повтори дека постојат цврсти докази кои укажуваат дека Филип Секуловски стои зад убиството на фудбалерот Мартин Јанушев.
Тој откри дека со пиштолот што бил најден на местото на убиството претходно била извршена кражба.
Самиот пиштол бил украден при кражба што се случила во Козле, бил нелегален и сега убиениот бивши фудбалер, го носел подолго време.
Но оружјето со кое е извршено убиството не е најдено.