САД би требало да го сменат од власт нивниот претседател Доналд Трамп, констатира севернокорејски медиум по „острите зборови“ кои Трамп ги упати за Пјонгјанг за време на турнејата во Азија.
Американските медиум, не наведувајќи за кој севернокорејски медиум станува збор, јавија дека Трамп бил наречен „стар луд човек“, како и дека САД треба да го сменат од власт со цел да се „ослободат од амбисот на пропаста“.
Севернокорејскиот медиум навел дека САД би требало да го послушаат тој „совет“ доколку не сакаат да доживеат „ужасна нуклеарна катастрофа или трагична пропаст“.
Трамп во моментов се наоѓа во Кина во рамките на неговата азиска турнеја. Тој претходно ги посети Јапонија и Јужна Кореја, а од Пекинг ќе замине во посета и на Филипините и Виетнам.




