Северна Кореја потврди дека во неделата тестирала нов вид балистичка ракета, која може да носи голема нуклeарна боева гласа.
Севернокорејската новинска агенција КЦНА јави дека вчера е лансирана стратешка балистичка ракета „хвансонг 12“ со среден до долг дострел.
Како што се наведува, севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун лично го надгледувал лансирањето на ракетата од нов тип. Тој ветил нови нуклеарни и ракетни проби и предупредил дека севернокорејското оружје би можело да го погоди американското копно и пацифичкиот брег, пренесува АП.
Ова е нов тип на ракета со средно- долг домет, која може да понесе голема нуклеарна боева глава, соопшти Северна Кореја.
Јужнокорејската војска истакнува дека оваа ракета која на почетокот е споменувана како „неидентификуван проект“, испукана од локација северозападно од Пјонгјанг и дека летала околу 700 километри.
Советот за безбедност на ОН во вторник треба да го разгледува најновото лансирање на ракетата, објавија дипломатите.




