Вашингтон мора да се справи со Пјонгјанг како држава која има нуклеарно оружје, е пораката објавена во севернокорејски весник по изборните резултати во САД, на кои победи Доналд Трамп.
Во редакциски коментар во весникот „Родонг Синмун“ на Работничката партија на Пјонгјанг, се вели, „Надежите на САД за денуклеаризирање на Северна Кореја се илузија“.
– Тажната судбина на оние кои се на власт во САД, кои се бесни и сакаат да ја здробат Северна Кореја со санкции, оди во прилог само на шупливите тврдењата кога ќе се види нивната ефикасност, се вели во изјавата на Северна Кореја.
Новоизбраниот претседател на САД во своите изјави, Ким Јонг Ун го нарече „манијакот кој седи со нуклеарно оружје во рацете и се заканува дека ќе го употреби“.
Ким Јонг Ун во меѓувреме е под тешки санкции, во кои има и неколку ембарга кои се донесени од Советот за безбедност на Обединетите Нации поради четвртиот нуклеарен тест изведен во јануари годинава.
Пјонгјанг спроведе и петти тест во септември а за тоа се уште се разговара во Советот за безбедност.