Северна Кореја не успеа да лансира уште една балистичка ракета, само еден ден откако ги предупредија САД да бидат спремни за нуклеарен напад во случај на провокации.
Американската пацифичка команда соопшти дека севернокорјската ракета експлодирала речиси веднаш по лансирањето.
Во текот на вчерашната парада во Пјонгјанг, Севернокорејците прикажаа нова балистичка ракета од долг дострел, меѓутоа американските стручњаци сметаат дека неуспешно тестираната ракета има послаб дострел.
Јужна Кореја соопшти денеска дека најновото лансирање ракета од Пјонгјанг е закана за целиот свет. Тие предупредуваат на казнена акција доколку има и други провокации како што е нуклеарна проба или лансирање ракета со голем дострел.
– Прикажувањето низа офанзивни ракети на вчерашната воена парада и обидот да испука денеска балистичка ракета, се демонстрација на сила што е закана за целиот свет, соопшти Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја.





