Група платеници од Германија и Велика Британија кои се бореле за украинските вооружени сили биле убиени во шумски појас на фронтовската линија во Запорошката област, пренесува денес ТАСС, повикувајќи се на руските безбедносни сили.
Група странски платеници беше убиена во шумски појас во Запорожјето. Според документите, тие биле Германци и Британци, соопштија безбедносните сили.
Меѓу загинатите, како што е наведено, се Џејсон Ларган Џејси, роден во 2003 година, и Летерман Филип Максимилијан, роден во 2000 година.
Според безбедносните сили, некои од загинатите биле војници од 113-та Одделна бригада на Територијалната одбрана на Украина и одделен баталјон на специјалните сили, но сите биле распоредени во 3-тиот Ударен баталјон на полкот „Скала“.
Извор: Мкд.мк




