Најмалку 20 луѓе се повредени кога една карневалска платформа влета во публиката за време на Карневалот во Рио.
Осуммина од повредените биле примени во болница, а три жени се во критична состојба.
И покрај инцидентот, синоќешната програма на школата за самба не била прекината, но полицијата отвори истрага за инцидентот.
Наводно причина за тоа била мократа улица по која се движела платформата како резултат на дождот.
Осуммина од повредените биле примени во болница, а три жени се во критична состојба.
-Последната платформа тргна наназад и од едната страна ги притисна учесниците на парадата на оградата, што предизвика хаос. Управувачите на платформата направија и дополнителен маневар и тогаш беа повредени уште од присутните, изјави претставник на полицијата.
Над 70.000 биле собрани околу Самбодромот, централната авенија во Рио по која поминуваат палтформите, мобилни сценографии со надобрите изведувачи од школата за самба. Милиони гледачи во Бразил го следеле директниот ТВ пренос на манифестацијата.







