Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Плацеви на Водно“: Самсоненко вели дека го купил плацот од Камчев за да гради куќа

0
By Соња Крамарска on March 22, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рускиот бизнисмен, Сергеј Самсоненко, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје како сведок тврдеше дека законски купил и платил земјиште од околу 10 000 метри квадратни на Водно, од бизнисменот Орце Камчев, објави 360 степени.
Самсоненко сведочеше на предлог на Камчев, кој е еден од обвинетите во случајот „Плацеви на Водно“.
Атрактивниот плац е во сопственост на фирмата „Лајв кеар центар“, која беше сопственост на фамилијата Камчеви, а рускиот бизнисмен ја купил во 2019 година.
„Тоа е моја фирма која е купена на име на жена ми. Веројатно не сум бил тука или поради нешто друго, затоа на нејзино име ја купив. Немам друга сопственост освен плац од 10 000 квадрати”, рече Самсоненко.
Тој рече дека го купил плацот за 110 милиони денари кои според договорот за купопродажба требало да ги исплати за три години, и како што кажа, ги исплатил и предвреме.
„Јас некое време барав голем плац за да изградам куќа за мојата фамилија за живеење. Не можев да најдам тоа што ми треба затоа што барав над 5000 квадрати. И Орце Камчев ми го предложи овој плац како една од варијантите. Јас разгледував неколку варијанти и ја одбрав оваа”, рече Самсоненко.
Според неговото сведочење, бизнисменот сега е во загуба затоа што е блокиран плацот односно нема ниту пат до него.
„Се уште е неизграден пат од општината. Блокиран е, не ми е јасно зошто, а бидејќи трпам штети, го замолувам судот да провери зошто. Барав од адвокатите да ми објаснат зошто е блокиран, не ми е јасно. Кога го купив, проверив, се беше чисто. Со тие пари што ги исплатив можам 15-20 години да живеам комотно во пензија”, рече Самсоненко.
Покрај Самсоненко сведочеше и сопственикот на „Супер трејд“, бизнисменот Владимир Стајиќ, кој исто така купил друг плац од „Лајв кеар центар“, во 2018 година, односно пред фирмата да ја купи семејството на Самсоненко.
Стајиќ кажа дека плацот го купил од Камчев со намера да изгради куќа за да живее во неа или да изгради па да ја продаде. Досега не изградил, како што рече, затоа што во тој период купувал и градел бензиски пумпи, а потоа почнала кризата со пандемијата. Плаќањето, рече, било законски како што договориле правните тимови во договорот за купопродажба.
На прашање на адвокатите на Камчев, дали го познава Никола Груевски, Стајиќ одговори дека ниту го познава ниту некогаш бил во иста просторија со него.

Со овие сведоци, одбраната сака да докаже дека плацевите се легално купени и продадени, наспроти обвинителството кое тврди дека Груевски е вистински сопственик на земјиштето, но со префрлање на сопственоста од една на друга фирма се криел како вистинскиот сопственик.

Плацеви на Водно Самсоненко Стајиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.