Published: Friday, September 15, 2017 18:19
Грчкото Министерство за здравство денеска донело итна одлука за забрана за капење на плажите во сите подрачја на Атика поради излевање на нафтата во близина на Саламина.
Меѓу забранетите локации се наоѓаат и многу популарни плажи околу Атина и Пиреј.
Танкерот „Агиа Зони 2“ потона во неделата во близина на островот Саламина, а од него се излеаја околу 2.500 кубни тони нафта и гас, што предизвика голема еколошка штета.




