Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пленковиќ ѝ се извини на Украина поради изјавата на Милановиќ

0
By НОВА ТВ Balaban on January 26, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ ѝ се извини на Украина за изјавата на претседателот Зоран Милановиќ дека е една од најкорумпираните земји и ги отфрли неговите изјави дека ќе ги повлече хрватските војници од Украина затоа што во земјата не ни има хрватски трупи.

Милановиќ вчера изјави дека „Украина сè уште е една од најкорумпираните земји во светот, дека економски стагнира и не добила ништо од ЕУ“. Тој рече и дека Хрватска „нема никаква врска“ со конфликтот во Украина и оти, доколку тој ескалира, ќе повлече сѐ „до последниот војник“.

– Колку што знам, нема хрватски војници во Украина, изјави Пленковиќ, додавајќи дека контингентот на хрватската војска што се наоѓа во Полска штотуку се вратил.

– Изјавите на Милановиќ се нереални. Неговата изјава за Украина како корумпирана земја е навредлива. На овој начин им се извинувам на Украинците, во име на хрватската Влада ѝ се извинувам на Украина, една од првите земји што ја призна државата Хрватска и која во моментов има окупирани делови, како што имаше Хрватска, нагласи Пленковиќ.

Изјавата на Милановиќ дека Украина не добила ништо од ЕУ беше демантирана со податокот дека Европската унија досега дала 17 милијарди евра грантови и заеми и најави нова помош.

– Прво мислев дека тоа е некој руски службеник кој зборува, им рече Пленковиќ на новинарите.

– Колку што можев да видам, се разбира не го гледав како што вообичаено не гледам што зборува тој, но видов некакво резиме, во тој некаков напад на шеќер, му дале бомбони таму, рече Пленковиќ.

На новинарско прашање дали хрватските војници, членки на НАТО, ќе учествуваат во операција доколку дојде до конфликт, тој одговори со прашање: „Од каде се сите овие тези“.

– Политиката на Хрватска е „деескалација на тензиите, спречување на можен конфликт, поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, рече тој.

Дека хрватската армија нема војници во Украина потврди и хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ.

Пленковиќ се извини Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.