Published: Friday, February 10, 2017 10:20
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини во Вашингтон разговараше со новиот шеф на дипломатијата на САД Рекс Тилерсон.
Таа изјави дека средбата била “плодна”:
“Има многу области во кои ЕУ и САД имаат заеднички интерес за тесна соработка”, соопшти прес службата на Могерини.
Се разговарало за анти-терористичка стратегија, односите со Русија, нуклеарниот договор со Иран и кризите во Украина и Сирија.
По изјавите на Доналд Транп дека сака да се доближи до Русија во борбата против тероризмот, ЕУ стравува нема да може да најде заеднички јазик со новата администрација на САД во кризата во Украина.




