Published: Tuesday, January 27, 2015 15:14
Курдските борци го зазедоа сирискиот град Кобани по 112 дена борба со џихадистите на ИСИС, пренесуваат медиумите во светот.
Објавите доаѓаат еден ден откако претставници на Ирак соопштија дека провинцијата Дијала во Ирак, е ослободена од ИСИС.
Заменик-министерот на Сирија, Идрис Насан за CNN изјави дека градот и официјално ќе значи дека е ослободен во наредните неколку часа.
Портпаролот на курдските борци Полат Џан на Твитер објави „Честитки за ослободувањето на Кобани“.
Тој повика на итна имплементација на „хуманитарен коридор“ како би им се помогнало на бегалците на кои вели, „потребно им е се“ во моментов.




