По 17-часовни преговори Грција и кредиторите не успеаја да постигнат договор за следната финансиска транша за земјата, а проблем се покажаа кредитите во голем број грчки банки.
Консултациите ќе продолжат и денеска, а се очекува екипата од економисти да се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Според извори на грчкото министерство за финансии Атина и кредиторите се согласиле за измените во раководствата на банките и улогата на грчкиот фонд за финансиска стабилност и неговата рекапитализација.
Минатиот понеделник министрите за финансии на еврозоната се состанаа во Брисел за да разговараат за обезбедување на следната транша за Грција во износ од 2 милијарди евра. Тие соопштија дека очекуваат компромис за грчката програма и договор во наредните денови.




