Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По 20 години: Пресуда за убиството на српскиот новинар Славко Чурувија

0
By Нова ТВ on April 5, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 5, 2019 09:22

Дваесет години од убиството на српскиот новинар Славко Чурувија денеска во Белград треба да биде соопштена пресудата на четворица припадници на Државната безбедност обвинети дека по налог на тогашната власт го убиле новинарот.

Фото: Блиц

За обвинетите Радомир Марковиќ, Милан Радоњиќ, Мирослав Курак, кој е во бегство и Ратко Ромиќ се бара највисока казна од 40 години затвор.

Ова ќе биде прва пресуда за убиство на новинар во Србија. Чурувија беше убиен пред 20 години, на 11 април 1999 година со 14 куршуми во преминот во зградата во која живееше и работеше во Белград.

Целиот случај не беше помесетен од почетна точка се до смената на режимот во 2000 година.

Според српските медиуми, првата година од убиството јавната безбедност и полицијата не знаела дека Државната безбедност го следи Чурувија, се до 5 октовмри 2000 година кога во јавноста се појави неговото досие, со што било докажано дека зад неговорот убиство стои оваа институција.

Во текот на овие 20 години, истрагата се соочила со многу опструкции, сведоците добивале закани, поради што давале конфузни изјави дека не се сеќаваат, а закани со убиство добивал и главниот полициски истражител Драган кецман, како и оперативецот кој побара да се испитаат припадниците на Единицата за специјални операции. Во врска со овој слулчај, познато е и дека вработениот во тогашниот Мобител благодарение на кого се дошло до податоци од базните станици на мобилната телефонија, добил отказ и долго време не можел никаде да се вработи.

Судењето започна по 16 години од убиството. На самиот почеток, рочиштата се одржуваа ретко, но под притисок на јавноста тоа се промени. Најголемо внимание во јавноста предизвикаа одредени одлуки на судскиот свет, пред се отфрлањето на доказите кои се сметаат за клучни или тоа што не му било дозволено на полицискиот инспектор да сведочи за наодите на истрагата туку само за процедурални работи.

Поради ова, Комисијата за истрага на убиството на новинарот се посомнева дека судиите се обидуваат да издејствуваат ослободителна пресуда. Поради тоа имаше обвинувања на сметка на претседателот на оваа комисија дека врши притисок врз судот.

Според српските медиуми, каква и д абиде пресудата таа претставува чекор напред и мотивација да се истражат и другите случаи, иако како што се наведува нема да го даде одговорот кој е нарачателот на убиството на Славко Чурувија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.