Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По 34 години Шведска конечно го дозна убиецот на премиерот Улоф Палме

0
By Нова ТВ on June 10, 2020 СВЕТ
Фото: imdb.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шведското обвинителство денеска соопшти дека премиерот Улоф Палме во 1986 година го убил Стиг Енстром, кој во меѓувреме извршил самоубиство, со што е ставен крај на повеќедецениската истрага.

„Лицето е Стиг Енгстром. Со оглед на тоа дека е мртов, не можам да поднесам обвинение против него и одлучив да ја затворам истрагата“, изјави обвинителот Кристер Петерсон.

Енгсром се самоуби во 2000 година.

Вкупно 34 години по убиството на Улоф Палме, Кристер Петерсон, кој ја води истрагата од 2017 година, денеска најпосле го откри идентитетот на убиецот. Кога Петерсон ја презеде истрагата, малкумина очекуваа напредок. Сепак, во февруари изјави дека се надева оти случајот би можел наскоро да се реши, иако не може да има обвинение, што укажуваше дека осомничениот убиец е мртов.

Палме беше убиен во Стокхолм непосредно пред полноќ на 28 февруари во 1986 година, враќајќи се од кино со својата сопруга. Социјалдемократот Улоф Палме беше премиер на Шведска во два мандата – од 1969 година до 1976 година и од 1982 година до 1986 година. Некои го сметаат за архитект на модерна Шведска, додека конзервативците не го сакаат затоа што ги критикуваше САД.

Во 1989 година ситен криминалец беше осуден од првостепен суд за убиството на 59 годишниот Палме, но беше ослободен по жалба и почина во 2004 година.

идентитет истрага убиец убиство Улоф Палме Шведска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.