Во пустинскиот град Аин Сефра во Алжир падна снег, што е првпат по 37 години некој дел од пустината Сахара да се најде под снежна покривка.

Снегот почнал да паѓа на 19 декември, а се задржал само еден ден, но било сосема доволно да се направат уникатни и ретки фотографии на песочните дини под снег.

Аматерскиот фотограф Карим Буштета снимил прекрасен контраст на песок и снег и со тоа ги воодуѓеви социјалните мрежи. Градот Аин Сефра се наоѓа на 1.078 метри надморска висина во северниот дел на Сахара, на јуќниот дел од планината Атлас.

Последен пат кога во овој дел паднал снег е во 1979 година.